Македонските ракометари и навивачи најдобри на првенството

Македонската ракометна репрезентација вчера успеа да го победи и домаќинот на Европското Првенство, репрезентацијата на Србија. Со ова се потврди фактот дека најголемото и најпријатното изненадување на првенството се токму ракометарите на нашата Македонска ракометна селекција. Ова не го кажувам само јас туку и сите релеванти и стручни лица во областа на спортот поточно ракометот, без разлика дали тие се од Србија, Хрватска, Данска, Шведска или Германија.

Македонските ракометари ги освоија срцата не само на Македонците од целиот свет, туку и на сите други навивачи, љубители и познавачи на ракометот од сите земји учеснички на ова Европско Првенство.

А зошто тоа е така, која е причината?

Затоа што прикажаа феноменална, одлична игра во сите натпревари од првенството. Ниту во еден натпревар не се предадоа, нашите лавови. Дадоа максимум од своите можности, играа на високо ниво даваа 110% од своите можности и сили на секој натпревар. Не подклекнаа ни против светските и европските прваци како што беа Швеѓаните, Данците, Германците и Србите.

Покажаа храброст и сила. Покажаа како се игра со срце и љубов за Македонија.  Покажаа како се бранат боите на Македонија.

Покажаа сложност, тимска игра и најголем натпреварувачки дух на првенството.

Имаа и сеуште имаат со себе најдобри и најкорисни навивачи. Навивачи какви што секоја репрезентација може да ни љубомори и позавиди за нив. Европа и европскиот ракомет нема видено ниту пак чуено досега за ваков вид на навивање и бодрење на својата репрезентација, какво што го прикажаа македонските навивачи на ова првенство.

Имаме феноменален тим. Го имаме најголемиот стрелец на првенството неверојатниот Кире Лазаров. Ги имаме најголемите бореци во нашите редови како Миркуловски и Мојсовски и сите други македонски ракометари. Имаме неверојатна одбрана којашто успеа сите противници да ги скроти. Имаме добри голмани со одличен процент на одбрани. Имаме страшен тим, искуство и младост, борбеност и фанатичност, љубов и слога.

Имаме се за големи успеси, за големи победи за Македонија.

А што немавме?

Немавме купени судии што ќе судат за нас. Видовме многу јасно како многупати судиите судеа против нас, исклучуваа играчи без врска, досудуваа пенали против нас, ни поништуваа голови. Судењето беше под знак прашалник кога игравме против Германија, Данска и Шведска.

Ниту пак раководството на шампионатот и на европскиот ракомет беше од нашата страна. Очигледно беше дека навиваа за Германија за да не победи во групите.

Немавме поткупени натпревари или местенки за кладилниците.

Ваков беше педерскиот натпревар што го изиграа Шведска и Данска, во кој Шведска изгуби со огромана разлика (за прв пат губи вака од сите натпревари) само за да и пушти на Данска да игра во полуфиналето.

Знам дека многу од вас, се излажани дека Србија ни го пуштила натпреварот со Македонија. Но тоа не е апсолутно точно. Овој натпревар беше неизвесен до самиот крај, разликата беше на 1 до 2 гола разлика, поточно беше израмнето цело време. Србите сакаа да не победат но не можеа. Ние ги победивме чесно и со храбра игра на нашите ракометари. Доколку нашите не изиграа на ниво ќе бевме прегазени, но бидејќи игравме со сите сили ние ги прегазивме Србите. Ова е победа што долго ќе се памти.

Немавме среќа. Ова се однесуваше на натпреварот со Данска, кој иако ја имавме победата во нашите раце ја испуштивме во последните секунди од натпреварот. Тоа беше најболниот пораз во македонскиот спорт. Токму за тој натпревар не се пласиравме во полуфиналето во битката за медалите.

Но Македонија е силна. Македонија е храбра. Македонските ракометари и после тој пораз успеаја да врзат две последователни победи против Полска и Србија а очекуваме утре и против Словенија.

Македонскските ракометари и навивачи според мене а верувам дека и вие ќе се сложите со мене е најдобрата ракометна селекција на Европското Првенство во Србија 2012.

Македонија многу доби со ова Европско Првенство исто како и нашите кошаркари така и ракометарите го потврдуваат успехот. Македонија е во 6те најсилни селекции на првенството. Македонија доби почит и углед во Европскиот Ракомет и од страна на сите земји на Европа. Преку спортот тие дознаа за Македонија и за Македонците.

Македонија има добар народ, одлични спортисти (ракометари), најдобри навивачи. Македонија ја чека добра иднина.

Македонија има со што да се гордее. Македонија има квалитет, сила, храброст, мудрост.

Да навиваме сите сложно браќа Македонци и утре во натпреварот за 5тото место, кое не води во баражот за Олимпијадата, со Словенија во 15:15часот.

За нова победа за Македонија.

Да живее Македонија.

421230_160614020715689_157577291019362_219926_979055077_n
407444_244377565637843_100001968036125_557039_1002362831_n

Празнична

Помина и овој најубав дел од годината, почетокот на Јануари, исполнет со празници и весело расположение. Се славеше, се пиеше се веселеше. Само уште времето да беше потопло како на лето, се ќе беше топ.

По веселиот дочен на Новата Година сите бевме изненадени од смрта на Киро (Вампиро) мислам Глигоров. Според некој првиот, според други поранешниот, бидејќи нели Методија Андонов Ченто беше првиот Претседател на државата Македонија. Некои беа позитивно расположени други натажени жалеа за голема загуба. Едни сакаа што побрзу да се заборави други грабеа ко хиени по политички поени. Како и да е тој си замина во вечните ловишта или поточно не замина никаде бидејќи човекот си беше тврдокорен атеист и комунист така да за таквите нема ни рај ни пекол, само смрт. Не дека не веруваат во Бог, туку веруваат во погрешниот т.е. знаеме многу добро во кој “бог”, па каде што тргнал, таму и нека си замине, на секого според желбите и очекувањата. Го испратија без државни, својствени за секој претседател, почести по негова желба а и без попови, само со една штичка (тараба од дрвена ограда) како и секој друг комунистички лидер. Нема потреба тука да се споменуваат масоните, но знаеме дека нема никаква шанса да ги држиш највисоките позиции во некоја држава а да не си нивен член.

Сите глуметаа и се лупаа од земја колку бил заслужен за независна и суверена Република Македонија. А колку беше независна и суверена е знак прашалник и сега како и тогаш што беше. Кога знаеме дека Глигоров како висок функционер и член на СКМ беше и остана само продолжена рака на КПЈ и токму затоа и му беше дозволено да ја “води” и да ја тера оваа земја, Македонска за која никој ниту тој самиот немаше мислење дека ќе може да опстои и да постои ден денеска.

Но дрвото се цени по плодовите а не по неговата убавина. Ова е можеби единствениот Претседател во светот коишто нон стоп сакаше се нешто да променува и изменува имиња, така да и неговото име и презиме во одреден период он неговиот живот беше променето во Ќирило Глигоровиќ. Така и Глигоров нашата држава Македонија ја аплицираше заедно со Црвенковски во Обединетите Нации (ОН) под името Бивша Југословенска Република Македонија (fYROM). Се договараше со грците и тргуваше за се и сешто, како да е на сточен пазар или пак ја имаше наследено од дедо му нашата земја Македонија. Со неуспешниот негов атентат истите сили успејаа да постигнат спогодба со грција со која суспендираа една третина од Уставот на Македонија, го променија нашето  знамето од Куклеш и ја забрани неговата употреба со што цврсто удрија по Македонскиот Национален Идентитет. Се откажа од Македонците надвор од границите на нашата држава, заборавајќи ги оние во поробените земји од соседите и протераните низ Америка, Канада, Австралија, Европа и низ целиот свет. Заборавја на македонските бегалци од граѓанската војна во Грција и на нивните родни места протерани од Грција. Јавно не лажеше дека новото име е само привремена референца која ќе ваши само за наредните два-три месеци а не сите овие изминати години. Јавно излезе и рече дека ние сме Словени дојдени од зад карпатите, откажувајќи се и негирајќи се од Древно Македонската Александрова и Филипова Историја и Култура. Не нема што ние да му се замараме ниту да го споменуваме повеќе, бидејќи тоа овој човек го немаше заслужено со ништо. Нека почива во мир и Бог нека му суди за сите дела и злодела коишто ги има направено во неговиот долгогодишен “плоден” живот.

Но тоа не ги сопре и онерасположи македонците да продолжат со прославувањето на убавите празници во овој прв месец од годината. Прекрасно расположение и полни трпези царуваа и за Бадник и Божик. Кај и да си дома да си за Божик, викаат старите. Најубаво фамилијарно задоволство. Овие празници се како од Бога дадени за да се дружиме повеќе и да присуствуваме на разни религиски обичаии и традиции. Тука се бадниковите гранчиња и огнови, коледарските детски весели песни, кршењето на паричето. Семејни вечери, многу вино и песна. Па се до Водици, бањањето и рипањето по крстот за да имаме здравје, среќа и бериќет и во оваа Нова 2012 Година.

еРепублика

Македонци ако имате вишок време, од 5-10 минути на ден, и сакате да се дружите и забавувате, приклучете се во најголемата он лајн стратешка игрица на светот: еРепублика. Веќе подолго време (околу 2 години) голем број на Македонци ја играат оваа виртуелна игра. еМакедонија е една од најдобрите и најјаки земји во оваа игра. Помогнете и на Македонија да стане Светска Империја.

Супер место каде што можете да и покажете на вашите соседи грци и бугари кои сте и што сте.

Линк за регистрација еРепублика

erepublik

Бело Море

YouTube Preview Image

Пир Македонски

Ако тргнеме од најстарите податоци каде се споменува името Македонија тогаш треба да го земеме во предвид дешифрираниот текст на глинената плочка од Градешница на која е напишано името на зетот Пир Македонски.

Која се проценува дека датира некаде околу 5.000 години пред нашата ера.

ПИР М’КЕД’НЗКИ

Тоа е најголем доказ дека Македонците го носат своето име на народот, на јазикот и на државата најмалку околу 7 000 години.

YouTube Preview Image

Од сите подоцна создадени етникуми или народи, единствено македонскиот народ, до ден денес, го зачува името на државата, на народот и на јазикот.

Извор од истражувањата на Васил Иљов

Честит Божик

Христос се роди.

Честит Божик Македонци, каде и да сте во светот.

YouTube Preview Image YouTube Preview Image

Весели празници и љубов, љубов и само љубов.

Атеистички научник

Си беше еднаш еден средновечен човек кој отиде на езеро да лови риба. Тој не беше многу искусен во ловењето риба. Имаше гледано на телевизија неколку риболовни емисии и од нив научи се што му требаше да научи за да лови риба. Му се допагаше многу да биде сам покрај убавото езеро и во мир и тишина да лови риба и да ужива во прекрасната мајка природа. Откако купи се што му беше потребно, трска, мамци и сл. Отиде еден викенд да се испроба во риболовот.

Замавна со трската и чекаше, чекаше и уште чекаше. Хмм нема ништо. Реши да го промени местото, очигледно не се многу разбираше кај има а кај нема риба. Смени неколку места. Виде едно мало заливче и се качи на една карпа и тука ја фрли јадицата за последен пат. Бидејќи му беше дошло преку стапот, а нема не гризе риба. Дремеше, дремеше така можеби цел саат. Кога наеднаш нешто почна да му ја тегне јадицата.

Хахаха загриза се оклешти човекот. Фати риба за првпат во животот. Сам, убавина покрај езеро, природа, риба. Среќен пресреќен и кога проба да спадне од карпата се заплетка и се сосна од едно камче и ооооп право во езероно се оплешти колку долг толку широк и он и рибата со него. Чунки она век си имала кутрата.

Човекот ја фрли и трската и рибата и почна да плива а водата беше грч ладна, кочан. Пливаше што пливаше кога едната нога му се фати. Дрш недај тегли, мавај никако не можеше да ја ослободи ногата од еден корен во коишто му беше заплетена.

Се тегнеше така некое време но не можеше сам да се ослободи. Водата почна да го совладува. Ахх си викаше: “кој ме тераше на риба да одам море”. Се стори пишман аџија. Почна да вика за помош. Но немаше никој околу езероно. Беше сам, во најсовршената можна убавина и идила. Почна да се дави. Пропагаше, не можеше да се задржи да земе воздух.

Почна да вика појако: “Помош, помоооош помогнете миии. Помоооош помооооош”

Но помош немаше.

Човекот се бореше со последните сили, знаеше дека вака нема да може да издржи повеќе. Кога виде дека не може никој и ништо да му помогне. Реши да му се помоли на Бога.

Оххх Господе, заплака човекот. Се гледаше дека му е најтешко на човекот. Никогаш не се нашол во ваква ситуација. Последните мигови од неговиот живот беа во прашање. Но најтешко му беше сега, не заради ситуацијата туку затоа што се реши да побара помош од Бог. Да од Бог. Но зошто токму тоа му беше најтешко?

Не затоа што беше научник и професор туку затоа што беше атеист. Никогаш не веруваше дека постои сила посилна од човекот. Тој мислеше дека човекот е најпаметното и најинтелигентното живо битие на оваа и на сите други планети и универзуми. Мислеше дека не постои Бог. Дека тој е измислен од луѓето за да ги држи под контрола луѓето. Низ мислите како на филм за момент му поминаа сите оние вреѓања и пцости коишто му ги беше упатувал на Бог за сите овие години. Сите предавања на факултетот како ги исмеваше и убедуваше студентите дека непостои Бог, паднаа во вода. Сите обвинувања уште од рана возраст уште по смртта на неговиот татко беа усмерени кон Бог. “Бог е крив за се”. А сега најголемиот атеистички научник и професор на факултетот реши последната ронка спас да ја бара од Бог.

Плачеше и се давеше, молеше и викаше на целиот глас:

“Ооооо Господееее, ооооо о о о Господе  Боже. Те молам помогни ми. Знам дека целиот мој живот го негирав твоето постоење, плукав по тебе и по твоето име. Те мразев, колнев и проколнував, бев груб и лут на тебе. Сите ги уверував дека ти не постоиш, дека си мртов.  Но сега те молам Господи помогни ми и спаси ме. Доколку ми го спасиш животот, до крајот на мојот живот ќе верувам во тебе и ќе ти служам”.

Во истиот миг кога човекот ги изговараше овие последни зборови, Бог веднаш му помогна. Му ја ослободи заплетканата нога во корењата од езерото и наеднаш човекот доби сила за да исплива до брегот на езерото и да се спаси.

Откако човекот успеа да се спаси од сигурната смрт. Тој веднаш, во тој миг, заборави што му беше ветил на Бога и продолжи да си го живее остатокот од животот. Како и пред тоа, како атеистички научник.

fisherman

Предновогодишна општонародна

Абе ај се збудалеа луѓево!  Нова Година ли иде што ли иде? Иде иде, само не се виде. Последниве денови од старава година владее тотална хистерија помеѓу луѓево. Секој купува се и сешто и што му треба и што не му треба. “Ако ја да си купам да има.” Да има, си се натоварил као магаре бре, ко да ти е последна година од животов у прашање. А можеби и е последна 2012 е. Не дека ќе го изедиш се тоа што си го купил, туку ајде чалам сите купуваат па и ја да купам. Шоп, шоп шопинг. Се шоп до шоп сите на шопинг. Аман полека бре што се направивте. “Морам да си го купам ова бундиче, ташниче, прслуче. Уште ова, уште ова, ушетеее само оваааааа.” Најискрено ги жалам мажите што одат со жениве на предновогодишен шопинг, само дремат као дрва и се дуват као пауни држејќи и го палтенцето и ташничето бидејќи она сака се да проба што има во бутикот, а не е еден бутик. Па нови кондурчиња, па нова халиња, па флизурата кај да ја правам.

Се купува ненормално, се носи се мкни. Деца се збираат божем на екскурзија ќе одат 30 дена низ Европа.  Ало народе една вечер е ‘баго, што сте се напнале толку!!! Пиење земање божем свадба ќе прават. Ќе се здрват од локање а само десетина години имаат. Ти здрви се па после радувај се на пијани жени. Богата да била трпезата за Новата Година и празнициве за со арно со убаво да ни тргне во Новата ни Година. Ја бре немој ко да од тоа зависи се у животот на луѓето како ќе ја поминат Новата Година. Па тука планови се у прашање, последниве два месеци активно се планира, па кој каде ќе иде, кој по хотели и ресторани, кој по кафиќи и дискотеки, кој во Будимпешта, Париз, Истамбул. Па какво било менито, па колку пијачки имаш, па со кого ќе чекаш. Битно е да се покажеш фаца, во најскапо фенси најелитно место да идеш, не е битна цената кога задоволството е во прашање.

Најбитно е да се помине ТОП. Ко да некој ќе ти пише минус ако никаде не си бил за Нова Година. А после сме немале пари, сиромашна држава а секој ден се троши како да ни е последен. Битно е убаво да си поминеш на Нова Година а после те боли за први втори, а уште повише пак за втори втори. Важно да се купуе на велико. И ќерките немиени да ги однесеш на пазар за Нова Година ќе ги продадеш.

И кога ќе ми го постават она клише прашање “Кај за Нова Година? ” старо колку што и ние сме, ама ај за некој ден ќе бидеме со уште по една година постари. Почнува да ми се врти и повраќа. А повод. Кој е поводот? Се запрашал ли тоа некој. Шо се слави ‘баго, што е значајно? Било 1.1. Нова Година. И шо? И ништо. Празник ли е тоа луѓе, шо ли е? Први јануари е бре. Е ај да го славиме и Први Февруари и први Март, 1 април и онака го славиме значи уште десет слави и пуна капа. Вива ла паганизам и ренесанса.

YouTube Preview Image

ОКОТО МИ ОСТАНА ВО СОЛУН

Трагична животна приказна на една македонка мачена од страна на грците во 1939 и за време на Втората Светска Војна.

YouTube Preview Image

“Јас се викам Тунговска (Тунгуска?) Ленче. Инвалид сам 100%, без очи. Иначе сам од Солун.

Мојта мајка се вика Маргарита, татко ми се вика Јордан. Имам сестри. Они се, едните се во Грција, едни се во Бугарија, имам роднини и во Америка, во Њуjорк, само не ги знам точно дека и како.

Друго да ви кажам: кога мене ме фанаа грците 1939-та, а иначе работам во Организацијата од 1937-та година како курир. ‘39-та ме фанаа у школото, само писмото шо го носев не можеа да ми го пронајдат оти јас го изедех. И они не можеа да ми го најдат. И ме земаа од школото и однесеја ме, затворија ме.
Осудија ме прво да ме бесат; оти бех малолетна, на 15 годинки немав, тогај ме осудија на 105 години затвор. 3 години лежах у затвор, тепаа ме, мачија ме… у Солун. Грците ме судија. Како политички, зашо работев у Организацијата на „ЕМ“. Таа е „Единствена Македонија“. И пред тоа, втори пат ко ме носија па да ме судат, поминаа ме покрај мајка ми, покрај куќата во Солун, грците: едната раката врзана со синџир, и ногата; другата рака врзана за друг. И мојта рака и неговата со синџири и однесеја не на суџење. Мојта мајка гледаше низ џамо, ама не смееше да одговоре дума. И тогај ме осудија на 105 години затвор.

1941-та година грците, у затворо, однесеја ме во една голема соба; у неа имаше 4-5 души. 4 на сите 4 души на по едан и едан у средината. И фатија да не питат, на грчки, они на грчки, јас на македонски: македонка сам, не можам да бидам јаска гркина.
И фатија да не псуват, на грчки. Земе тај во средината, бутни ме на тај, од тај на тај, само, како фудбал ме играа.

И ми веле тај во средината:
- Да знаеш, веле, ќе ти ги извајме очите.
Велам:
- Шо сакате правејте, јас не знам ништо.

Значи, да ме заколат, да ме отепат, јас Организација не кажувам. Оти ако е кажам, ќе го фатат тај, тај ???????, ќе се открие.

И тај у средината зема извади нож. И ми веле:
- Очите ќе ти ги извадам!

Шо сакаш прави.
И земаа со нож, ми го извртеа левото око, со нож ми го извртеа. И јас сам паднала и сам се изгубила.

Након коа се освестих, се најдех у ќелијата доле, сама у ќелија, нема други со нас у ќелија да седат. Секој засебна ќелија, политички… ќелијката ни беше метар и пол на метар и пол (1.5х1.5 метри). На 24 сата ми даваа по 100 грама леб. И секој ден сабајле, ручок и вечер ќутек: прво ќе не тепат и након ќе ни даат да јајме. Не ти се ни јаде.

Након клучарот на затворо шо беше, пред да дојдат германците тоа биде, клучаро шо беше на затворо он беше со нас работник. И ние седевме, ама се знаевме, сета политика каква е. И он не пушти, 10 души не пушти. Сосе една пушка, един пиштол и 10 куршума. Пушти не, од затворо, да бегаме.

Бегаме, кријаме се по селата. Тука-тамо, додека да стапам веза сос, сос партизаните, сос на Гоце, сос на Гоце Керамитчиев со бригадата, Првата ударна егејска бригада. Цела Грција ја шетаме. Дури… ооо, тука, како викат ова, Драма, у градо, ние тамо беме партизани у Драма, надвор од Драма, тоа се оде од Драма за Неврокоп, тоа е Бугарија, Гоце Делчев како викат сеа тај град, не знам. Ние тамо беме се собрале и си чистехме оружјето и некој не предаде. Па, шпионите предадеа не и ние од тамо, од Драма, до Ѓумурџина, това, дивија гач (?) пеш преко планината ојдеме на дивија гач (?).

Дажи у селото Крива, Гуменичко, тамо држаме, одржаваме предавање, говор. Не предадеа и ние бегаме и по нас го запалија селото, грците. Одехме, борби водехме, се тепаме; грци имаше, и грци партизани, ама беа против нас македонците, нејќеа да чујат за нас македонците воопште. У бригадата имаше и грци и те тераа, грците те тераа да зборваш грчко, не македонски.

Излегов партизанка, од Солуна града,
од Солуна града одехме по планини,
по Балкани ниту мили, ниту драги.
Ние ќе ојме за Солуна, за Солуна града,
тамо ќе развијме знаме, знамето МАКЕДОНСКО.

Ќе дојде ден и нема да остајме така. Јас сакам лично да идам у Обединетите нации, јас лично да му кажам на Мицотакис, у очи, пред сите:
- Ти си тај шпионо, ти си тај шо на мене грците ми вадија очите со нож, ама треба да знајш: МАКЕДОНЦИ СМЕ! МАКЕДОНСКО ИМЕ НИКОЈПАТ НЕМА ДА СЕ ЗАБРАВЕ! Треба да се знае: МАКЕДОНЦИ СМЕ РОДЕНИ, МАКЕДОНЦИ ЌЕ УМРИМЕ! Дури и крвта ни е македонска!

Јас не можам, како дојде тука министеро, јас му речех:
- Јас сам македонка, мајка ми е македонка, татко ми е македонец, дури и крвта ми е македонска! Јас имање не сакам, ама македонското име не го давам!!!”

Вистинската Троја

Чисто како да не се заборави оваа многу интересна епизода за Троја.

Гост: Маргарита Китан Ивановска

Ни дава научно – лингвистички пристап кон откритјето дека опеаната троја не се и не можела да се наога во Мала Азија.

Дали имало само една Троја или повеќе?

И која е вистинската Троја опеана во Илијадата и Одисејата од Хомер?

http://video.google.com/videoplay?docid=3044014899736107172