ГОВОР НА ТОДОР ПЕТРОВ НА ИЛИНДЕН ВО ТРНОВО
август 3, 2010 — milevski39 СВЕТСКА МАКЕДОНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2010
ГОВОРОТ НА ТОДОР ПЕТРОВ (Претседател на Светскиот Македонски Конгрес) НА ИЛИНДЕН ВО ТРНОВО
2 август 2010 година, Битола, Македонија (СМК) – Повеќе од 10.000 Македонци од сите делови на Македонија и од целиот свет, националниот празник ИЛИНДЕН – Денот на македонската државност традиционално го одбележаа на Триесет и деветтата Светска Македонска Средба во потпелистерското село Трново, во македонската црква „Успение на Пресвета Богородица“. После утринската богослужба, парохискиот свештеник протоереј Стефан богослужи панихида за помен на сите упокоени, загинати и убиени знајни и незнајни јунаци и борци за слободата на Македонија.
Ви го пренесуваме во целост говорот на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров: „Почитуван отец Стефан, Почитуван господинe Наумовски, Почитуван господинe Талевски, Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, од Австралија, Јужна Америка, САД, Канада, Африка, Азија и Европа, за многу години трите Илиндена: Херонеја, Крушево и Свети Отец Прохор Пчињски! Напомош, Свети Пророк Илија!
Бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, како што секојдневно разни мешетари со злоупотреба на медиумите и партиите не’ тероризираат за промена на државното име Македонија, грев ќе е пред Господа, ако и ние на овој свет ден не’ кажеме: Нашата држава се вика Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е македонски, нашата света црква е Македонска затоа што е Првославна, оти први сме го прославиле Господ Бог Исус Христ во Европа. Па отпосле сме ги описмениле и покрстиле останатите во Европа. Така било, така и ќе остане! Чест и на браќата муслимани по крв Македонци!
Прашањето за државното име, за оние со плиток ум, е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните, во апсолутно мнозинство гласаа за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки! Одлуката на референдум по Устав е задолжителна. Затоа, никој нема мандат да разговара, преговара и договара промена на државното име Македонија! Само им се лаже умот на потплатените за да ги оправдат парите за предавството на името. Бедни врховисти и квислинзи!
Но, ним и пред целиот свет: оваа земја била, е и ќе остане само Македонија! Никој нема нејзиното име да го смени! Верувајте во себеси и во Господа! А, на нашиот јужен сосед Грција им упатуваме една порака: Доколку Атина не ја признае Македонија, Елада нема да остане цела! Банкротот во кој вплови сега, ќе ја проголта старата дама, затоа што ариевскиот фашистички модел на еднородна и едноверна нација конечно ќе го снема! А, кога тоа ќе се случи, ќе остане она што до 1821 година било: Во Грција повторно ќе има се’, само Грци не’! Пред 1821, Грција – ни по историја, ни по географија, ни по етнологија, ни по археологија – нема! И покрај се, ние повторно им велиме, нека Ви е провинцијата Македонија. Но, Атина не сака да постои државата Македонија, затоа што името на државата е од Македонците, нив во цел свет со промената на државното име да ги снема!
Деновиве, во Скопје, преубав е споменикот на гемиџиите, до Даме и Гоце за кои воопшто и не е битно дали некогаш можеби за нешто се скарале или не се скарале, луѓе од крв и месо! Но, заради историското паметење, гемиџиите не биле Индијанци, туку Македонци, а крвта вода не бива! Нашиот народ има и самопочит, и гордост, и достоинство, го негува и го чува своето, памети, но знае и да врати!
Македонците се против нов референдум за промена на државното име Македонија, Македонците се против ратификација на договор за промена на државното име во Собранието на Македонија, Македонците бараат итен и безусловен прекин на разговорите за промена на државното име Македонија. Македонците го осудуваат наци-фашизмот на Атина и апартхејдот на европската бирократија према Македонија. Македонците бараат Атина, Брисел и Стразбур да се извинат за геноцидот врз македонскиот народ и да платат репарации за штетите од окупацијата и геноцидот: некои експерти велат најмалку 20.000 милијарди евра за експлоатација на природните ресурси во окупираните територии, воените штети и штетите врз имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни до денес.
Во западните демократии за одавање на државна тајна судат за кривично дело – предавство, продавањето на државното име не се нарекува никако поинаку, освен со велепредавство како кривично дело од највисок степен!
Поради тоа, на домашните врховисти и квислинзи им порачуваме да не заборават, дека предавството не е демократија, туку кривично дело! Промената на државното име Македонија не е право и слобода на мисла и говор, барањето за промена на државното име Македонија е велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Оттука и предупредувањето: домашните врховисти и квислинзи да не заборават, дека ним судот на историјата и судот на народот, кога и да е, ќе им судат и пресудат. Барем ги научивме, бидејќи самите се обележаа и со име и презиме! Самите си ги покажаа роговите! Колку се погласни, колку повеќе ги злоупотребуваат медиумите и партиите за да го трујат народот и граѓаните, поблиску се до крајот!
Барањето на Атина и притисокот од европската бирократија за промена на името на Македонија како самостојна и суверена држава претставува срам за Европската Унија и НАТО!
Не го злоупотребуваме присуството на министерот за евро-интеграции, оти нашиот говор не е негов. Македонците можеби се за пристапување во сојуз со Европската Унија и НАТО, но како еднакви со еднаквите, како рамноправни меѓу рамноправните.
Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и барањето за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, Македонците го отфрлаат членството во овие сојузи на држави.
Единствениот компромис со Атина за државното име Македонија е ирската формула која ни ја препорача и евро-амбасадорот во Македонија – „Република Ирска“ и “Северна Ирска како дел од Обединетото Кралство Велика Британија“, соодветно – уставната референца „Република“ пред државното име Македонија и „провинција Јужна Македонија како дел од Република Грција“, како трајно решение на македонското прашање!
Ги поттикнуваме владите во Скопје и Атина на трајно македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени времената согласност од 13 септември 1995 година.
После овој убав ден, како и секој ден по тоа, на легнување, бидете спокојни и со мирен сон, затоа што верувајте, нема човек што ќе го смени името на нашата држава Македонија. Со љубовта за Македонија ќе ги победиме силите на злото против Македонците, а со мирот светот ќе го обединиме. И аман, престанете да ги тероризирате Македонците со промена на државното име Македонија. Тој ќеиф нема кој да Ви го оствари!
Нека Господ Бог ги благослови Македонците по род и државјанство, каде и да се, на сите меридијани на земјината топка! Да живее, Македонија!“ – рече на крајот од својот говор претседателот на СМК Тодор Петров.



август 3, 2010 at 5:38 pm
Единствен кој вчера отворено и без повивање ја кажа сета вистина за спорот со Грција беше Тодор Петров.
Јас би сакал да му верувам дека “нема човек што ќе го смени името на нашата држава Македонија“,ама…
август 3, 2010 at 5:42 pm
Точно е тоа “нема човек што ќе го смени името на нашата држава Македонија“.
Бидејќи ако некој го смени името тоа е еднакво на негово самоубиство.
август 3, 2010 at 6:58 pm
Сето ова што го кажал е толку убаво кажано што личи на бајка,ама нели животот не е бајка и не само што ќе го сменат името,ами и ќе не убедуваат дека не го смениле туку постигнале некој разумен компромис за наше добро.Тоа ти е.
август 3, 2010 at 7:17 pm
………………………………..
………………………………………….
УРНЕК СТЕ ЗА КАРИКАТУРИСТИ.
ДА ИМ ГО Е.АМ МАМЕТО
НИ ГО СМЕНИЈА ЗНАМЕТО.
ИМ ГО ЗЕМАВМЕ СТРАВОТ.
НИ ГО СМЕНИЈА И УСТАВОТ.
И ДА МУ ЦИЦАТЕ НА ВОЛОТ ОД ВИМЕТО
ПАК НЕ ВИ ГО ДАВАМЕ ИМЕТО.
МАКЕДОНСКО НИ Е ПЛЕМЕТО.
АКО ТРЕБА И ЌЕ ПРОСИМЕ,
АМА УШТЕ ДОЛГО ИМЕВО ЌЕ СИ ГО НОСИМЕ.
ИМЕТО НИ Е АНТИЧКО,
СО ЗЕМЈАВА ЗАЕДНИЧКО.
ЕВРОПА Е БЛУДНИЦА ВАВИЛОНСКА
………………………………………………..
…………………………………………………
август 3, 2010 at 7:42 pm
Разумен комромис?Кој спомна такво нешто,каде е Хорхе, не го гледам никаде?
Вчера на мој блог еден коментар ме остави вчудоневиден. Пошупливо размислување не сум видел досега, мислам да го одштампам и урамам како врв на човечката глупост.
“Туку дај нека го сменат името и да си влезиме секако овие дваесет години ништо немаме направено, а тогаш барем ќе има донации од ЕУ и ќе има крај на оваа диктаторска политичка гарнитура која го обременува народот и крај на неспособноста на СДСМ, барем ќе играат како што ќе му свират од ЕУ а мене лично ми годи свирката и играта на сите членки на ЕУ“
Ова се вика разумен компромис,како музички правец и то..
август 3, 2010 at 7:46 pm
Ај кога се фативме за компромисот,кој компромис е неразумен за да сфатиме што е тоа разумен компромис?
август 3, 2010 at 7:46 pm
хахаха а јас мислев дека сум мутав имало и бетер хахаха
август 3, 2010 at 7:49 pm
Или поедноставно.Како може со било каков компромиис,разумен или неразумен,сеедно да не се смени името?
август 3, 2010 at 7:53 pm
Или уште поедноставно.Зошто се водат преговори ако не за промена на името?
август 3, 2010 at 8:00 pm
Значи Филипко,ти си за прекин на преговорите или за разумен компромис?
Па и суштината на говорот на Петров е тоа- Да се прекинат секакви преговори,договори околу нашето име-Македонија.Ај прочитај го уште еднаш постот ако не ми веруваш.
Ако си за `разумен`компромис кажи си што ТИ подразбираш под тоа.
август 3, 2010 at 8:01 pm
преговори се водат за лапање и драпање
август 3, 2010 at 8:04 pm
Филипко може да драпа мадиња за прекин на преговорите оти друг озгора ни крои компромис што Хорхе го нарекува разумен,а јас се прашувам дали има грам разум кога се менува име.
Ќе го кркаме стапот како и за знамето,уставот,што ли не друго.
август 3, 2010 at 8:06 pm
хахаха мераклии сме за кркање,шмркање . . .
август 3, 2010 at 8:07 pm
Тртење.
август 3, 2010 at 8:18 pm
И дудлање!
Да проба сега Тодор Петров да се ангажира политички на било каков начин, да направи партија наместо НВО `Семакедонски конгрес `или како веќе му се вика организацијата која ја води, има да го сатанизираат како најголем фашист,предавник….
Или било која политичка партија јавно да настапи со став `Прекин на преговори` има одма да биде сосечена од внатре, од домашните квислинзи и петтоколонаши.
Тоа е македонската реалност.